Што е Mental Health Tribunal (Трибунал за ментално здравје)?

Mental Health Tribunal одлучува дали на пациентите им треба задолжително лекување за менталното здравје (лекување што мора да им се пружи). Ние сме организација независна од вашата служба за здравје и обезбедуваме праведни расправи за да ги заштитиме вашите права.  

Што се случува на расправата на Трибуналот?

Расправата на Трибуналот е средба на која одлучуваме дали мора да ви се пружи лекување за менталното здравје. 

  1. Трите членови на Трибуналот го читаат извештајот од тимот што ве лекува и сите информации што ќе ги дадете
  2. Разговараме со вас и со вашиот тим за лекување. Ви поставуваме прашања за вашите мислења и за она што вие го сакате
  3. Одлучуваме дали вашето лекување ќе биде задолжително (лекување што мора да ви се пружи)
  4. Ви ја соопштуваме нашата одлука.

Расправите траат околу еден час. Тие се приватни и доверливи.  

Трите членови на Трибуналот што присуствуваат на расправите се:

  • правник
  • психијатар или лекар
  • член на заедницата. 

Зошто треба да присуствувам на расправата?

Вашата расправа е важна можност да го кажете своето мислење за тоа дали ви треба задолжително лекување. Ако не присуствувате, ќе мора да донесеме одлука во ваше отсуство.  

Што точно ќе одлучи Трибуналот?

Може да одлучиме да го откажеме (отповикаме) вашиот Treatment Order. Ако го откажеме вашиот Treatment Order, можете да решите дали ќе го продолжите лекувањето. 

Исто така, може да донесеме една од следните одлуки:

  • Community Treatment Order – мора да ви се пружи лекување, но не мора тоа да биде во болница. Ако сте на возраст од 18 години или постари, овој Налог може да трае до 12 месеци. Психијатарот што ќе ве лекува може да го откаже лекувањето во секое време. 
     
  • Inpatient Treatment Order – мора да ви се пружи болничко лекување. Ако сте на возраст од 18 години или постари, овој Налог може да трае до 6 месеци. Психијатарот што ќе ве лекува може да го откаже овој Налог или да го замени со Community Treatment Order во секое време.

Ако сте на возраст под 18 години, Treatment Order може да трае само до 3 месеци.

Како ќе одлучува Трибуналот?

Ние одлучуваме дали ви е потребен Treatment Order со одговор на овие 4 прашања што се засноваат врз критериумите во Mental Health Act 2014:

  1. Дали имате ментална болест?
  2. Дали ви треба лекување за да се спречи сериозно влошување на вашето ментално или физичко здравје, или за да се спречи да се повредите сериозно себеси или друго лице?
  3. Дали ќе бидете лекувани сега ако имате Treatment Order?
  4. Дали Treatment Order е единствениот начин да се обезбеди дека ќе го добиете лекувањето што ви треба? 

Ако договорот на сите 4 прашања е „да“, тогаш ќе подготвиме Treatment Order.  

Ако одговорот на кое било од овие прашања е „не“, ќе го откажеме (отповикаме вашиот Treatment Order.  

Како да се подготвите за расправата?

За да се подготвите, можете да ги направите следните нешта:

  • да најдете некого што ќе ви помогне да се подготвите
  • да го прочитате извештајот што вашиот тим за лекување го дал за вас 
  • да планирате што ќе кажете
  • да ја понесете вашата advance statement, доколку сте ја подготвиле.

Вашиот тим за лекување ќе поднесе извештај до Трибуналот во кој ќе образложи зошто смета дека ви треба задолжително лекување. Треба да добиете копија од овој извештај најмалку 2 дена пред расправата. Побарајте копија од вашиот тим за лекување ако не сте ја добиле. 

Можете да планирате што сакате да кажете на вашата расправа со подготвување на белешки:

  • Што мислите за вашето лекување?
  • Што мислите за издавањето на Treatment Order?
  • Ако се наоѓате во болница, дали би претпочитале да бидете лекувани во заедницата?
  • Кој би ви помогнал да бидете во добра состојба? Како?
  • Дали некој од 4-те критериуми не важи во вашиот случај? Зошто? 
  • Дали во извештајот постои нешто што не е точно?

Побарајте помош

За повеќе информации или за да контактирате со нас

Mental Health Tribunal
1800 242 703
mht@mht.vic.gov.au
www.mht.vic.gov.au

За толкувач  

Повикајте нè со толкувач преку Translating and Interpreting Service (TIS National) 
131 450

Ако сакате толкувач на расправата, побарајте го од вашата здравствена служба. Ние ќе се погрижиме за трошоците.

За адвокат

Victoria Legal Aid
1300 792 387

Mental Health Legal Centre 
(03) 9629 4422

За помош за да разговарате со вашиот тим за лекување

Independent Mental Health Advocacy 
1300 947 820
contact@imha.vic.gov.au

За второ мислење од друг психијатар

Psychiatric Second Opinion Service
1300 503 426
intake@secondopinion.org.au